Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Ве известуваме дека дваесетипрвата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 14.12.2022 година (среда) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за донесување на интегриран план за локален развој на Општина Богданци за 2023-2027;
  2. Предлог-Одлука за донесување на социјален план на Општина Богданци за 2023-2027;
  3. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2023 година;
  4. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2023 година;
  5. Нацрт– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
  6. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2023 година;
  7. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2023 година;
  8. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2023 година;
  9. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
  10. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година;
  11. Нацрт–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2023 година;
  12. Нацрт- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
  13. Нацрт–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2023 година;
  14. Нацрт–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2023 година;
  15. Нацрт- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2023 година;
  16. Нацрт-Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2023 година;
  17. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2023 година;
  18. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2023 година;
  19. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2023 година;
  20. Нацрт-Програма од областа на родовата рамноправност во Општина Богданци за 2023 година;
  21. Предлог-Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2023 година;
  22. Нацрт-Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2023 година;
  23. Нацрт-Буџет на општина Богданци за 2023 година;
  24. Предлог-Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци;
  25. Советнички прашања.
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara