Ве известуваме дека триесетиседмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Измени на Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2023 година;
- Предлог-Одлука за измена на одлуката за висината на надоместокот за оддржување на јавна чистота;
- Годишен извештај на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2022/23 година;
- Годишна програма на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2023/2024 година;
- Предлог-Годишен план за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2024 година;
- Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Богданци;
- Советнички прашања