Ве известуваме дека педесет и четвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 29.12.2020 година (вторник) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
  2. Предлог-Одлука за привремено мирување на обврските од член 3 од Договорот за утврдување и плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште УПI број 11-39 од 10.08.2020 година и член 3 од Анекс 1 на договор УПI број 11-39 од 09.10.2020 година;
  3. Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2021 година;
  4. Предлог –Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2021 година;
  5. Предлог – Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2021 година;
  6. Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2021 година;
  7. Предлог-Програма за управување со отпад во Општина Богданци за 2021 година;
  8. Предлог -Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година;
  9. Предлог –Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2021 година;
  10. Предлог -Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година;
  11. Предлог-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2021 година;
  12. Предлог – Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
  13. Предлог -Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2021 година;
  14. Предлог -Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2021 година;
  15. Предлог –Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2021 година;
  16. Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
  17. Предлог –Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2021 година;
  18. Предлог –Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година;
  19. Предлог – Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2021 година;
  20. Предлог-Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2021 година;
  21. Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
  22. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2021 година;
  23. Предлог-Буџет на општина Богданци за 2021 година;
  24. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
  25. Предлог-Буџетски календар за 2021 година;
  26. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2021 година;
  27. Советнички прашања.                                                                        
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara