Закажана педесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци
Ве известуваме дека педесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 12.03.2021 година (петок) со почеток во 08.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2020 година;
- Предлог-Годишен извештај на Општина Богданци за 2020 година;
- Годишна сметка за 2020 година на СОУ „Богданци“ – Богданци;
- Годишна сметка за 2020 година на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци;
- Годишна сметка за 2020 година на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково;
- Годишна сметка за 2020 година на ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ – Богданци;
- Годишна сметка на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2020 година;
- Годишен извештај за работата и спроведените активности за 2020 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
- Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2021 година;
- Предлог-Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација во Општина Богданци;
- Советнички прашања.