Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана четириесетитретата седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека четириесетитретата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 28.12.2023 година (четврток) со почеток во 10.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2024 година;
  2. Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2024 година;
  3. Предлог– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2024 година;
  4. Предлог-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2024 година;
  5. Предлог-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2024 година;
  6. Предлог–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2024 година;
  7. Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година;
  8. Предлог-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
  9. Предлог–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година;
  10. Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2024 година;
  11. Предлог–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2024 година;
  12. Предлог–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2024 година;
  13. Предлог- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2024 година;
  14. Предлог-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2024 година;
  15. Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2024 година;
  16. Предлог–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2024 година;
  17. Предлог-Програма од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Богданци за 2024 година;
  18. Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
  19. Предлог-Буџет на општина Богданци за 2024 година;
  20. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2024 година;
  21. Предлог-Буџетски календар за 2024 година;
  22. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2024 година.
  23. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2024 година.
  24. Советнички прашања.

Закажана четириесетивтората седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека четириесетивтората седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 18.12.2023 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2024 година;
  2. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2024 година;
  3. Нацрт– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2024 година;
  4. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2024 година;
  5. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2024 година;
  6. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2024 година;
  7. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година;
  8. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
  9. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 2382/2, 2381 и 8071);
  10. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 7337 и КП 7334);
  11. Нацрт–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година;
  12. Нацрт- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2024 година;
  13. Нацрт–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2024 година;
  14. Нацрт–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2024 година;
  15. Нацрт- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2024 година;
  16. Предлог-Одлука за донесување на план за парцелација составен дел на Урбанистичкиот проект со план за парцелација со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани поставени на земјиште на КП бр. 6165, КП бр. 6166/1, КП бр. 6166/2, КП бр. 6170/1 и КП бр. 6170/2, КО Стојаково, Општина Богданци;
  17. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2024 година;
  18. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2024 година;
  19. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2024 година;
  20. Нацрт-Програма од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Богданци за 2024 година;
  21. Нацрт-Буџет на општина Богданци за 2024 година;
  22. Предлог-Одлука за определување на висината на надоместокот за добивање лиценца за вршење на угостителска дејност;
  23. Финансов извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот  01.2023-30.09.2023 година;
  24. Одлука за усвојување на одлуката за утврдување на висината на бод за исплата на плата на вработените во ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  25. Предлог-Одлука за измена на одлуката за утврдување на месечен надоместок на претседателот и членовите на Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  26. Советнички прашања.

 

Закажана четириесеттата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека четириесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 14.11.2023 година (вторник) со почеток во 14.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог -Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2024 година;
  2. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување  на бесправните објекти во истата (КП бр.7990);
  3. Предлог-Решение за разрешување и именување на член во училишниот одбор на ООУ „Петар Мусев“-Богданци како претставник на општината;
  4. Предлог-Решение за разрешување и именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Богданци“-Богданци како претставник на општината;
  5. Советнички прашања.

 

 

Закажана триесетидеветтата седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека триесетидеветтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 24.10.2023 година (вторник) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот  јули-септември 2023 година;
  2. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2023 година;
  3. Предлог-Програма за измена на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
  4. Предлог-Програма за измена на годишната програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2023 година;
  5. Предлог-Програма за изменување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2023 година;
  6. Предлог-Програма за измена на програмата за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2023 година;
  7. Предлог-Програма за измена на Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2023 година;
  8. Предлог-Програма за измена на Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2023 година;
  9. Предлог -Одлука за измена на одлуката за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2023 година;
  10. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Богданци за 2023 година (ребаланс);
  11. Советнички прашања.

 

Закажана триесетиседмата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека триесетиседмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Измени на Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2023 година;
  2. Предлог-Одлука за измена на одлуката за висината на надоместокот за оддржување на јавна чистота;
  3. Годишен извештај на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2022/23 година;
  4. Годишна програма на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2023/2024 година;
  5. Предлог-Годишен план за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2024 година;
  6. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Богданци;
  7. Советнички прашања

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |