Денес, 29-ти јули во 09.00 часот започнува 54-та седница на Совет на општина Богданци. За да ја проследите во живо, следете го следниот линк https://youtube.com/live/E8Nj1J047Js?feature=share
Денес се празнува Света Недела – За многу години!
На 20 јули жителите на Стојаково традиционално секоја година го прославуваат патронот на Православната црква „Света Недела“, заштитничка на ова населено место.
Света Недела е празник на честа, посветеноста на верата и вербата. Им посакувам на сите граѓани од ова населено место денот да го поминат во добро здравје и убаво расположение. Честит панаѓур!
по Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци
Врз основа на член62 став 10од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20 и 113/23),Градоначалникот на Општина Богданциго дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање најавна презентација и јавна анкета
поУрбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци
Граници на опфатот се :КП 3997/1, КП 4001, КП 8095, КП 5985, КП 8092, КП 5978, КП 5965, КП 5977/2, КП 5966, КП 5880, КП 6147, КП 8119, КП 5858, КП 5854, КП 6176, КП 8091, КП 5673/1 (каде има проширување на проектниот опфат кој претставува заштитен коридор на водоводната мрежа, а проширувањето на делот на катастарска парцела КП 5673/1 е за Резервоарот за населено место Селемли), КП 5673/3, и КП 8119 и др.КО Стојаково
Опфатот е со површина од 28 903.61м2.
Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци, ќе се спроведе со излагање на Проектотво просториите на Општина Богданци и Дом на култура Стојаково.
Јавната анкета ќе трае петнаесет дена од 06.08.2024г. до 21.08.2024г.,секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планќе се одржи на ден 08.08.2024 годинаво09:00 часот во просторијата на Дом на култура Стојаково.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Блаже Шапов
Денес, 16-ти јули во 09.00 часот започнува 53-та седница на Совет на општина Богданци. За да ја проследите во живо, следете го следниот линк 53-та седница во живо.
Се известуваат жителите на Општина Богданци дека утре (вторник) 09.07.2024 год., во вечерните часови ќе се изврши првото терестичко прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.
Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести, од страна на Центар за јавно здравје Скопје.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Со големо задоволство ги известуваме граѓаните дека почнувајќи од денес, 24.06.2024 година, ќе започне реконструкцијата со проширување на регионалниот пат Р1109. На делницата „Понов мост“ до влезот на Богданци ќе има времен режим за одвивање на сообраќајот. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Жикол“ ДООЕЛ Струмица. На делницата се поставува соодветна сообраќајна сигнализација и се молат возачите да ја почитуваат истата.
Општина Богданци ја посети амбасадорот на Јапонија во Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. При посетата, Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, оствари работна средба со јапонскиот амбасадор, на којашто го запозна за основните податоци за нашата општина, за тоа какви проекти се работат во моментов и што се планира да се сработи во иднина.
По средбата, присустуваа на Изложбата „Jaпонскиот лебдечки свет UKIYO-Е“, којашто беше поставена во ЈОУДК „Бранд Петрушев“ по повод одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија. Изложбата беше збогатена со ликовна работилница, на којашто учествуваа ученици од ООУ „Петар Мусев“- Богданци, под менторство на ликовниот педагог, Перо Танчев.
Градоначалникот упати покана до сите љубители на уметноста да ја посетат оваа изложба која ќе биде поставена 7 дена. На изложбата ќе имаат можност да се запознаат со делата на најпознатите јапонски мајстори на дрворезот од 17 и 18 век. Овде се и делата на најпознатиот мајстор на ukiyoe, Хашикава Кишибеи, кои ги претставува жените во ново светло.
Со цел подобра социјализација и интеграција на лицата со попреченост во образовниот систем и во општеството, денес во ООУ„ Кирил и Методиј“ Стојаково се реализира доопремување на постојната сензорна соба. Соодветната опрема и реквизити се обезбедени со средства од Министерството за труд и социјална политика.
Сензорната соба е еден од клучните елементи на едно инклузивно училиште, неопходна за правилна едукација и развој на учениците со попреченост. Таа претставува мултисензорен простор кои овозможува индивидуализиран пристап и интервенција преку дополнителна сензорна стимулација или намалување на сензорните дразби. Се користи за индивидуална поддршка, едукација и третман на ученици со попреченост, со цел да се намали или елиминира непосакуваното негативното однесување и да се подобри совладувањето на образовните цели кои се индивидуализирани за учениците кои поради својата попреченост не напредуваат со истата динамика и резултати како и учениците со типичен развој.
Освен обезбедување на едукативен и простор за престој кој овозможува смирување или анимирање на нервниот систем, стекнување вештини за социо-емоционален развој и комуницирање и кој поттикнува грижа за себе, засилување на независноста и подобрување на учењето и образовните постигнувања на учениците овие соби ќе претставуваат безбеден простор за нашите деца.
Во тек е набавка за соодветна опрема и реквизити и за сензорната соба во ООУ„Петар Мусев“ Богданци, која очекуваме во најкраток рок, по завршување на сите неопходни процедури, да биде поставена.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |