Одделението за урбанизам и градежништво ги врши работите кои се однесуваат на:
- просторно и урбанистичко планирање – изработка, следење, спроведување на постапка за донесување на урбанистички планови;
- изготвување на програма за изработка на урбанистички планови;
- изготвување и реализација на Програма за уредување на градежно земјиште;
- изготвување и реализација на програма за располагање со градежно земјиште;
- издавање изводи од урбанистички планови;
- водење постапки за одобренија за градење, одобренија на објекти од земјоделско земјиште и др.
- изработка на програма за урбана опрема и водење постапки за поставување на урбана опрема;
- водење постапки за легализација на бесправно изградени објекти;
- Е-катастар;
- извршување на работите околу издавање одобрение за градба од надлежност на општината;
- спроведување на постапки за продавање на градежно земјиште, експропријација на земјиште и спроведување на постапки за располагање со движни и недвижни ствари во сопственост на општината;
- други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на општината.
Раководител на одделението за урбанизам и градежништво: Соња Маџирова, тел за контакт: 078 321 542; е-маил адреса: sonja.madzirova@gmail.com,