Министерство за транспорт и врски
Проект за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, ОпштинаБогданциаплицираше со под-проект за „Реконструкција на дел од улица „26-ти Април“ во Богданци, општина Богданци.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 11.01.2024 година на официјалните веб страници на:
- Општина Богданци: https://www.bogdanci.gov.mk/
- ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk
- МТВ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Единица за Имплементација на Проектот
Министерството за транспорт и врски