Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Соопштение за Генералка Викенд

Општина  Богданци ќе се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“ која е во организација на „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Акцијата ќе се одвива на ден 17-ти мај (петок) со почеток во 10.00 часот.

Локациите на кои што ќе се одвива чистењето се:

                                       
– Пристапен пат до ветерни електрани, потег од раскрсница R 1109 до Градската депонија

– Брана Паљурци

– Спортска сала МЛАЗ Богданци и околу Стадионот ВАРДАРСКИ

– Јавен простор околу Дом на култура Стојаково

– Манастир „Чука“ Стојаково

– Просторот околу Градинката и јавни површини во центарот на Стојаково

– Селски гробишта во Селемли

– Јавен простор околу училиштата и училишните дворови во Богданци, Стојаково и Селемли

Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина и во истата ќе се вклучат општинската администрација, ЈП „Комунална Чистота“, училиштата, невладини организации, спортски клубови и месните заедници .

 Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои се во можност, да земат учество во оваа еколошка акција на некоја од погореспоменатите локации и сите заедно да дадеме свој придонес во зачувувањето на животната средина.

Денес Богданци го празнува Свети Атанасиј летен

Денес се празнува Свети Атанасиј летен, патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци!!! Светецот Атанасиј се нарекува борец за вистинското православие и е еден од столбовите на христијанската црква. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив. Овој светец е заштитник на многу домови и семејства а за нас е од големо значење бидејќи Богданци го празнува овој ден. Според старите, се смета дека зимата дефинитивно си заминува. 

Со претпразнични и празнични црквени богослужби и принесување на народна трпеза и годинава достојно се одбележува патронот – заштитник на Богданци.

Нека ни е честит овој ден. 

Ви посакувам добро здравје, среќа, благосостојба и мирен духовен живот.

Известување

Ги известуваме граѓаните дека градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци моментално се одвиваат на улицата Маршал Тито, на крстосницата со улица „Мирче Ацев“.

            Со цел непречено одвивање на активностите, Општина Богданци упатува апел до жителите за разбирање, внимателно движење и управување на моторните возила, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.

Честит Велигден

На моите сограѓани по повод големиот христијански празник Велигден им ги упатувам своите најискрени честитки. Посакувам во сите домови да владее среќа, спокојство, благодет, почит и христијанската љубов. Во здравје и празнично расположение, во духот на христијанската вера,  да ја потврдиме вредноста  на нашата духовност споделувајќи безусловна љубов со најблиските.

Нека ни е честит Велигден!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

Првомајските трки во повеќе дисциплини и годинава се оддржаа во Стојаково

И оваа година во Стојаково се одржаа традиционалните првомајски трки каде со натпреварувачки дух, забава и хумор беше одбележан празникот на трудот. Станува збор за трки кои датираат од 1951 година кои ги организира  Советот на месната заедница од Стојаково а кои привлекуваат и голем број посетители од околните градови.

 Учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини: трка со коњи, магариња, трка на сто метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, скокање во вреќи, трка на 1.500 метри, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди, борба на рака, влечење со јаже, работничка трка со колички. Во секоја категорија за најдобрите тројца натпреварувачи беа обезбедени парични награди а имаше и  богата културно-уметничка програма.

На манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Голема благодарност до организаторот, Месна Заедница Стојаково кој под покровителство на општина Богданци и годинава успешно го организираше овој настан.

И оваа година Првомајски трки во Стојаково

И оваа година, Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци ќе ги организира традиционалните Првомајски трки. Станува збор за натпревари во неколку дисциплини, како и богата културно-уметничка програма што секоја година се одржуваат на Први мај во Стојаково-традиција што се негува од 1951 година и веќе 73 години е заштитен белег на жителите од ова населено место.

            Со почеток од 09.00 часот, учесниците ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини: трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, скокање во вреќи, трка на 1500 метри, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди, борба на рака, влечење со јаже, работничка трка. Oваа година се воведува нова трка, насловена како трка со јајца за лица над 50 години.

            На првите три натпреварувачи во сите категории, ќе им бидат доделени парични награди.

          Културно-уметничката програма со почеток од 15.30 часот ќе ја исполнат следните изведувачи: членовите на Играорната фолклорна група од Стојаково, која работи во состав на КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, танцовата група „ДИВА“, Оливера Станковска, група „Фрка“, група “Акварела”, група „Фониа“,  Томе Капсаров-Брзи и неговата група и група „Трио Форте“. Почесен гостин: Игор Џамбазов.

Известување

Ги известуваме граѓаните дека градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци моментално се одвиваат на потегот од крстосницата „Дојранска“ со улица „Мирче Ацев“ (кај амбулантата) и истиот ќе биде затворен. Пристапот до амбулантата ќе се одвива само преку улицата „Мирче Ацев“ се до завршување на активностите.

                Се надеваме на разбирање.

Листа за редослед на истакнување на плакати за Претседателски избори 2024 на територијата на Општина Богданци

На ден 03.04.2024 година (среда), во 12 часот во просториите на Општина Богданци се изврши ждребење за утврдување на редоследот за истакнување на плакати без надоместок на местата определени од страна на општината, за подносителите на кандидатите за претседател кои учествуваат на Претседателските избори 2024 година.

            Согласно Одлуката за утврдување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на Општина Богданци бр. 08-493/6 од 15.03.2017 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 05/17)  на територијата на Општина Богданци за истакнување на Изборни плакати без надоместок во текот  на изборната кампања се утврдуваат следните места:

  1. Во Богданци

-потпорен ѕид на детското игралиште на автобуска Богданци;

-на излезот од Богданци спрема Стојаково, просторот од левата страна покрај оградата на трафостаницата на ЕВН и

-ограден ѕид на игралиште Вардарски на ул. „Маршал Тито“-Богданци.

  • Во Стојаково

-во центарот на просторот покрај оградата на ресторантот;

-на просторот кај место викано „Чекркот“;

-просторот кај местото викано „Геран“ и

-просторот позади Црквата.

  • Во Селемли

-на просторот по главната улица на населбата, на автобуската постројка.

  • Во Ѓавото

-на влезот на населеното место на ограден ѕид од пумпата за вода до некогашен откупен пункт на Земко и

-во центарот на населеното место кај свртувалиштето за автобуси.

            Големината на просторот за истакнување на изборни плакати  ќе биде подеднакво утврдена за сите подносители на кандидати за претседател според следниот редослед:

Реден број за лепење плакатиКандидати за претседател Претседателски избори 2024 година
1Билјана Ванковска Цветковска  
2Стевчо Јакимовски  
3Стево Пендаровски  
4Бујар Османи
5Арбен Таравари  
6Гордана Сиљановска Давкова  
7Максим Димитриевски  

Јавен повик

Општина  Богданци упатува Јавен повик до учесниците во изборната кампања за Претседателските избори 2024 година  дека на ден 03.04.2024 година (среда) во 12.00 часот во салата на Советот на општина Богданци ќе се изврши ждребење за утврдување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на општина Богданци.

Согласно Одлуката за утврдување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на Општина Богданци бр. 08-493/6 од 15.03.2017 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 05/17)  на територијата на Општина Богданци за истакнување на Изборни плакати без надоместок во текот  на изборната кампања се утврдуваат следните места:

  1. Во Богданци

-потпорен ѕид на детското игралиште на автобуска Богданци;

-на излезот од Богданци спрема Стојаково, просторот од левата страна покрај оградата на трафостаницата на ЕВН и

-ограден ѕид на игралиште Вардарски на ул. „Маршал Тито“-Богданци.

  • Во Стојаково

-во центарот на просторот покрај оградата на ресторантот;

-на просторот кај место викано „Чекркот“;

-просторот кај местото викано „Геран“ и

-просторот позади Црквата.

  • Во Селемли

-на просторот по главната улица на населбата, на автобуската постројка.

  • Во Ѓавото

-на влезот на населеното место на ограден ѕид од пумпата за вода до некогашен откупен пункт на Земко и

-во центарот на населеното место кај свртувалиштето за автобуси.

Сите заинтересирани учесници во изборната кампања за Претседателските избори 2024 година кои ќе присуствуваат на ждребењето, задолжително да поседуваат овласување и документ за идентификација.

Априлијада – забава за сите

По повод 1 април, Денот на шегата, денес со почеток во 09.30 часот во Градскиот парк во Богданци се оддржа традиционалната манифестација „Априлијада“.

Во програмата свое учество зедоа дечиња од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, како и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и подрачното училиште во Ѓавото и СОУ „Богданци“.

Настанот го организираше Дом на Култура „Бранд Петрушев“ во соработка со Општина Богданци.

Соодветно беа наградени  следните маски:

  • Прво место – „Среќни жабички“ од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, Второ место – „Ролеркостер“ Vа одделение  и Трето место – „Индијанци уд Бугданци“ IIa одделение од ООУ „Петар Мусев“ Богданци;

            ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и дечињата од Детската Градинка во Стојаково свое дефиле имаа во училишниот двор.

И овој пат дечињата и учениците им ги исполнија срцата на сите присутни родители, баби и дедовци, роднини и граѓани. Честитки до сите учесници за нивната креативност како и до нивните ментори, наставници, воспитувачи и негователи.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |