На ден 09.09.2020 година во просториите на општина Богданци, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Општина Богданци, претставувана од страна на Градоначалникот, Блаже Шапов и претседателот на Совет на Општина Богданци, Елена Шутарова и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата( РСБСП) претставуван од страна на Претседателот Гордана Кожуваровска и Секретарот Владимир Лазаров.
Меморандумот за соработка е доброволен акт за взаемна соработка во организирање на заеднички активности и иницијативи за зголемување на безбедноста на децата и младите во сообраќајот, за преземање на едукативни и превентивни мерки со кои ќе се заштити животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.
Почетно создавање на партнерство и соработка со РСБСП е дел од активностите на проектот „ Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин“ кој ќе се реализира во Богданци, финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации.
Потпишувањето на овој меморандум е добра основа за понатамошна долгорочна собработка помеѓу двете инстиутиции во размена на искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, заедничка реализација на општествено корисни активности и кампањи за зголемување и унапредување на безбедноста во патниот сообраќај.
Цел на соработката е создавање на сигурен, регулиран и безбеден режим на сообраќај во најфрекфентните улици, како и обезбедување на безбедно движење на пешаците и велесипедистите, односно безбедно учество на децата и младите во сообраќајот преку зголемена сообраќајна едукација и преку уредување и поставување на сообраќајната сигнализација во Богданци.
Во рамки на воспоставената соработка договорните страни се согласни да организираат заеднички активности и иницијативи од видот на кампањи, работилници, едукативни вежби, предавања, обуки, едукативни акции и други активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.


На 26.08.2020 во ООУ Петар Мусев, Богданци во 20.00 часот беше одржана четвртата форумска сесија во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ ( кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), во општина Богданци. На сесијата присуствуваа вкупно 42 граѓани, 5 члена на оперативната група, а како гостин беше присутен претставник од УНДП Г-ѓа Лејла Небиу Сулејмани и градоначалникот Г-ин Блаже Шапов.

