ОБЈАВА број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:

1. Урбанистички план вон населено место Богданци, локалитет Барта, за намена Г2, Г3, Г4-производство, дистрибуција и сервиси-индустриска зона, Општина Богданци , донесено со Одлука на Совет на Општина Богданци бр. 08-1843/31 од 30.11.2016 година и бр.08-2018/17 од 29.12.2016 г. и Исправка бр.08-163/2 од 30.01.2017 год.  со намена на градба :Г2-лесна и незагадувачка индустрија  со компатибилни класи на намена Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4 согласно Табеларен преглед бр.1 во кој се дадени податоци за градежната парцела, намена на парцелата, катастарските парцели кои се опфатени со градежната парцела, вкупна површина на градежна парцела, површина за градба во м2,бруто развиена површина во м2, максимална висина, катност, процент на изграденост (%), коефициент на искористеност,  почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Табеларен преглед бр.1

Реден број Број на градежна парцела Основна класа на намена на градежна парцела Компатибилна класа на намена Број на катастарска парцела

(КО Богданци вон.гр.)

Површина на градежна парцела (м2) Површина за градба во (м2) Бруто развиена површина во (м2) Максимална висина до венец (м) и катност Процент на изграденост (%) Коифициент на искористеност Почетна цена по м2 (денари)  Вкупна почетна цена

(денари)

Банкарска гаранција за сериозност на понудата
1 Г.П.бр.8 Г2(лесна и незагадувачка индустрија) Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4 КП бр.5079/26 КО Богданци вон град 1775 1040 2080 Според АУП / П+2 58,59 1,17 61,00 108.275,00 216.550,00
2 Г.П.бр.13 Г2(лесна и незагадувачка индустрија) Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4 КП бр.5079/32 и 5079/33 КО Богданци вон град 2800 1770 3540 Според АУП / П+2 63,21 1,26 61,00 170.800,00 341.600,00
3 Г.П.бр.14 Г2(лесна и незагадувачка индустрија) Б1, Б2,  Б4, Д2, Д3 и Д4 КП бр.5079/34 и КП бр.5079/35 КО Богданци вон град 2742 1728 3456 Според АУП / П+2 63,02 1,26 61,00 167.262,00 334.524,00

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата),  комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар).

  1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата;
  2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед даден во оваа објава со рок на важност до 28.02.2019 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежно земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писмено известување за избор на најповолен понудувач;
  3. За физичките лица уверение за државјанство;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
  5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното, заверено на Нотар, односно доказ за својство овластено лице на правното лице;
  6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање, (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Богданци нема обврска да прима и врши корекции на истата)

 Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираност на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

 Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед  бр.1  изнесува 61,00 денар од метар квадратен.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

 Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед даден во оваа објава.

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 26.12.2018 година  електронски на следната интернет адреса:www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на 28.12.2018 година, во

– 08:30 часот за градежна парцела Г.П. бр. 8

– 08:45 часот за градежна парцела Г.П. бр. 13

– 09:00 часот за градежна парцела Г.П. бр. 14

и истото ќе трае по 15 минути за секоја од наведените парцели

ПОСТАПКА

 1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на електронското јавното наддавање.

2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на  јавното наддавање.

3.Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

4.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Богданци со Решение бр. 09-1649/1 од 10.09.2018 година.

5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6.Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,оо денари за табеларен преглед бр.1

7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определено време за траење на јавното наддавање, од  страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за периодот од следните две минути нема ново дадена понуда.  Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

  1. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Р.Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија.
  2. Државното правобранителство на Р.Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија во рок од 30 дена од добивање на барање за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Р.Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
  3. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Р.Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.

13.Најповолниот понудувач во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на известувањето за избор на најповолен понудувач е должен да ги уплати средствата и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата.

  1. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврден рок , банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно нададавње за предметната градежна парцела.
  2. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од јавното наддавање во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, уплатените средства за отуѓување на градежно земјиште не му се враќаат, банкарската гаранција за серизоност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.
  3. Во рок од пет работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупна документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Богданци во име на Р.Македонија склучува договор за отуѓување на градежно земјиште сосптвеност на Р.Македонија.
  4. По склучување на договорот Општина Богданци во рок од еден ден, електронски го доставува договорот до Одделението за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данок на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.
  5. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности , купувачот во рок од 15 дена, договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставување на договорот кај надлежен нотар.
  6. Неисполнување на обврските од точките 17 и 18 од оваа објава по вина на купувачот претставува основ за еднострано раскинување на договорот при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот.
  7. Со договорот купувачот се обврзува да прибави одобрение за градење на предвидениот објект од надлежниот орган во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договор е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кој истото е отуѓено. Купувачот е должен да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 2 (две) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина до 1000 м2, согласно добиеното одобрение за градење, односно во рок од 4 (четири) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2, согласно добиеното одобрение за градење, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште.
  8. Висината на посебните трошоци во постапката за отуѓување на градежно земјиште изнесуваат 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозноста на понудата.
  9. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.
  10. Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да се пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности.
  11. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
  12. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
  13. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот. 27. Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  14. Банкарската гаранција за сериозноста на понудата за секоја градежна парцела ќе важи до 28.02.2019 година за најповолните понудувачи, а за сите останати по завршување на јавното наддавање.

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk

 

Комисија за спроведување на постапки

за јавно нададавање

Проширена мрежата за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци

Согласно Програмата за улично осветлување на подрачјето на Oпштина Богданци за 2018 година, се изврши проширување на мрежата за јавно осветлување.

Беа поставени нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемли. Активностите во населено место Богданци се вршеа на повеќе локации каде што имаше потреба од истите, односно беа опфатени улиците Крушевска, Васил Главинов, Ѓуров Дол, Нако Вардарски, Изворски, 8-ми Март, м.в.Горно Село и др.

Со проширувањето на уличното осветлување на територијата на целата општина  за 2018 година беа поставени 55 нови бандери и 89 нови сијалици.

Општина Богданци и во 2019 година ќе продолжи со активноста за проширување и оддржување на мрежата за јавно осветлување во сите населени места во општината.

Проширувањето  на  мрежата за јавно  осветлување  значително ќе ја подобри осветленоста на локалните патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Оддржана работна конференција на Локалниот Совет за Превенција на Општина Богданци

На ден 14.11.2018 година со почеток во 13.00 часот во просториите на ЈОУ Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци беше оддржана работна конференција на Локалниот Совет за Превенција по иницијатива на Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и СВР Струмица.

На седницата присуствуваа: Блаже Шапов – Градоначалник на општина Богданци, Претставници од СВР Струмица, ПС Гевгелија и ПО Богданци, членови на Советот на општина Богданци, Директорите на општинските училишта, претставници од општинската администрација на општина Богданци, Претставник од МЗ Стојаково,Црвен крст,РЦСР Гевгелија, ДЗС  Гевгелија, РЦУК Гевгелија, УВМК Гевгелија и ЈП Македонски шуми.

На седницата свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Богданци, Началникот на СВР Струмица, како и началникот на Сектор за превенција при СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Локалниот совет за превенција претставува алатка за подобрување и зајакнување на партнерството помеѓу граѓаните и компетентните органи на власта за тие да можат да изградат заеднички цели, да ги решат локалните безбедносни проблеми и да обезбедат подобри услуги за граѓаните.

Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач

Согласно член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Р.Македонија бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14,112/14………..163/2018) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и на сертификатот за авто – такси возач („Службен весник на Р.Македонија бр.98/14), Oпштина Богданци Ве известува дека ќе спроведе испит за добивање на сертификат за авто такси возач.

Истиот ќе се спроведе на ден 20.11.2018 година (Вторник) со почеток во 13.00 часот.

Испитот ќе го спроведе посебна комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.

Кандидатите (авто – такси возачи) освен пријава, потребно е да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

Пријавите се поднесуваат во архивата на Општина Богданци најдоцна до Петок, 16.11.2018 година, 12.00 часот.

Јавен повик за свикување на Буџетски форум во Општина Богданци

Врз основа на Член 12 од Правилникот за организирање и одржување на форумите на заедницата на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.  06/11), Градоначалникот на Општина  Богданци , објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Буџетски Форум во Општина Богданци

за 2019 година

Се повикуваат  сите граѓани на општината, бизнис секторот, невладини организации и сите други заинтересирани субјекти (правни и физички лица), да присуствуваат и рамноправно да учествуваат во работата на Првата сесија на Буџетскиот Форум.

Целта на организирањето на овој Форум е преку директно, партиципативно учество граѓаните да  добијат можност да придонесат во креирањето на Буџетот на општина Богданци за 2019 година. Ова преставува добар  начин за подобра распределба на ограничените Буџетски  средства и постигнување поголем ефект при нивната реализација.

Општина Богданци на овој начин ја искажа својата транспарентност, излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Форумот ќе се оддржи во просториите на Домот на култура „ Бранд Петрушев “ во Богданци на  16.11.2018 година (ПЕТОК) во   18.00  часот.

 

 

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11 и 04/15), Градоначалникот на Општина Богданци објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2019 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината;
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2019 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2018 година (до денот на поднесување на пријавата);

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 02.11.2018 година (Петок) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2019 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2018 година.

Јавен повик за финансирање на спортските активности од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“  бр.04/05, 04/11 и 04/15), Градоначалникот на Општина Богданци објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на спортските активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2019 година

             Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2019 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2018 година (до денот на поднесување на пријавата).

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 02.11.2018 година (Петок) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2019 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2019 година.

                                                                                                                                                                                                                                                           

Пријави загадувач, пријави проблем

Пријавете го загадувачот како и соодветната локација на која се фрла отпад на територијата на Општина Богданци, проблем со улично осветлување, проблем со постоечките асфалтирани улици  (дупки) и.т.н. на тел. број 034 222 333.

Општина Богданци

Чекор по чекор до компост

Минатата година Општина Богданци реализира проект за компостирање со соседна Бугарија (Југоисточен плански регион) и на пријавените граѓани им беа доделени садови за компостирање. Компостирањето е еден вид рециклирање во природни услови, добивање на хумус од биоразградливи отпадоци. Првиот хумус,го добивме од компостер поставен во индивидуален двор.

СЕКОЈ МОЖЕ ДА КОМПОСТИРА!

АПЕЛ!

Од извршените  контроли од страна на Општина Богданци е констатирано дека  дел од граѓаните кои земаа садови за компостирање, истите  ги користат  како контејнери или канти за комунален и друг вид на отпад. Во насока на реализирање на проектот се замолуваат граѓаните кој не ги користат компостерите согласно нивната намена, да ги подарат на други заинтересирани лица.

 

Свечено одбележан 10 октомври, денот на ослободувањето на Богданци

Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци кои загинале во воените дејствија за ослободување на Богданци,  Општина Богданци свечено го одбележа Денот на ослободувањето,10 октомври.

Свеченото одбележување започна со положување на свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и спомен-плочата на  Васо Марков, партизан од Серменин кој загинал при воените дејствија во Богданци, од страна на градоначалникот Блаже Шапов, претседателот на Советот Драгица Ѓавочанова, претставници од Сојузот на борците и нивни продолжувачи, претставници од општинските училишта и граѓани кои им оддадоа достојна почит на луѓето заслужни за нашата слобода.

Предводникот на боречката организација, Митко Чакалов, во своето обраќање истакна дека никогаш нема да се заборави борбата на луѓето што загинале за нашата слобода, дека ќе се почитуваат нивните дела и дека ќе се продолжи по патот на нивниот сон за слободно Богданци.

Воедно градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, на своите сограѓани им го честита Денот на општината, а на граѓаните на Република Македонија – 11-ти Октомври, денот на Народното востание.

Почит и слава до сите херои кои несебично ги дале своите животи во ослободувањето на својата татковина!

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara