Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Општина Богданци продолжува со селектирање на отпадот

Почитувани сограѓани,

Општина Богданци продолжува  и во наредниот период со селектирање на создадениот отпад од домаќинствата:

  1. Собирање на електричен и електронски отпад

– Листата за електричен и електронски отпад е дадена на следниот линк.

– Садот за селектирање на овој вид отпад се наоѓа  под општинската зграда.

За подетални информации можете да се јавите секој работен ден од 08:00 -16:00 часот на моб. 078 321 586 и  тел.034 218 400

  1. Собирање на искористено масло за јадење (зејтин) од правни и физички лица. Граѓаните кои ќе се определат за собирање/селектирање на искористениот зејтин ќе добијат соодветен сад од страна на лиценцираната фирма која доаѓа до Вашите домови.

Сите граѓани кои не сакаат да предизвикуваат дополнителни проблеми, фрлајќи го искористеното масло за јадење во канализационите цевки, може да се пријавите на тел, 078 321 586 или  034 218  400  за споделување на дополнителни информации (име, презиме и адреса на живеење), секој работен ден од 08:00 -16:00 часот.

3.Селектирање на стакло во зелените контејнери кои во моментот се поставени на ул.Маршал Тито и еден контејнер на ул. Страшо Пинџур во Богданци ;

4.Собирање на пластика во жолтите контејнери.

Ве замолуваме, пред да ги ставите во контејнерот за пластика да го намалите  волуменот  на пластичните шишиња.

5.Садови за искористени батерии има поставено во просториите (ходниците) на општинските згради .

6.Општината доделува бесплатна брошура за правилно одвивање на процесот компостирање (добивање  компост ). Граѓаните кои неможат да дојдат до просториите во општината за да ја подигнат брошурата од оправдани причини (здравствени проблеми и возрасни лица), од вработените во општината, истата ќе Ви биде доставена до Вашите домови.

Јавете се на тел. 034 218 400 и моб. 078 321 586, секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот. За сите граѓани кои доаѓаат во општината, брошурата можат да ја подигнат  во соба број 6 , зграда „Изворски„ приземје, лево.

Се известуваат  правните субјекти, картонските кутии од пакување да не ги ставаат во контејнерите за комунален отпад, бидејќи истите треба да ги предаваат на овластени фирми за овој вид отпад.

Голема благодарност на одговорните правни субјекти!

Во наредниот период  Општина Богданци има предвидено поставување на дополнителни садови  за отпад, замена на дотраени и оштетени контејнери .

 

Известување за одобрена Проектна програма

Општина Богданци Ве известува дека одобрена е Проектна програма, со технички број 045-2010/2020, Октомври, 2020 година изработена од ДПГИДДА ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на КП 11480, 11476/2 и делови од КП 11478, 11477/1, 11476/1, 11473/2, 9952/1 во КО Богданци, општина Богданци, со Решение бр 11-149/5 од 17.02.2021год. од општина Богданци, чиј инвеститор е ТДПТУ БАЏО ДООЕЛ Богданци со адреса на ул. Маршал Тито бр. 2/5 од Богданци.

Проектна Програма

Соопштение за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село Селемли, Општина Богданци

БР.11-133/3

Од 05.02.2021година

Врз основа на член 35 став 13 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18, и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Богданци донесе:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета

по Предлог Урбанистички план за село Селемли, Општина Богданци

Граници на опфатот се : Предметниот плански опфат отпочнува на северната страна на К.П.267, скршнува на исток и ги сече К.П.761, К.П.268 и К.П.753, продолжува по северната страна на К.П.167, К.П.169, К.П.170, К.П.171, К.П.181 и К.П.174, за момент скршнува на југ по источната страна на К.П.174, па скршнува на исток по северната страна на Станбената ул.10, скршнува североисточно по северната страна на К.П.191, ја сече К.П.37/5, па за скршнува кон југозапад по северната страна на К.П.191, ја сече истата, ја сече и станбената ул.10, па продолжува по југоисточната страна на К.П.195/1, К.П.194/2 и К.П.194/3, скршнува кон југ по источната страна на К.П.402, К.П.399 и К.П.397, за момент скршнува кон југозапд се до регулираниот водотек (б) од каде продолжува на југ по неговата источна страна и по источната страна на Станбената ул.6, па скршнува на запад по јужната страна на К.П.386/1 и К.П.366/2, ги сече К.П.365/2, К.П.364/1, К.П.363/2, К.П.360, К.П.359 и К.П.761, па скршнува на север по западната страна на Регулираниот водотек (а), за момент скршнува на запад по јужната страна на К.П.346, продолжува на север по западната страна на К.П.346, ги сече К.П.334, К.П.271/2, К.П.271/1 и К.П.271/3, скршнува на исток по северната страна на К.П.271/3, па продолжува кон север по западната страна на К.П.269, односно по западната страна на Регулираниот водотек (а), при што планскиот опфат оди до почетната точка и истиот се затвора.

Опфатот е со површина од 26,28 ха.

Јавната анкета и јавната презентација по Предлог Урбанистички план за село Селемли, Општина Богданци, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на ОУ Кирил и Методиј Селемли и на web страната bogdanci.gov.mk.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена сметано од  12.02.2021г, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во архивот на општина Богданци и во системот e-urbanizam.mk

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.02.2021 година во 12:00 часот во просториите на ОУ Кирил и Методиј Селемли.

Предлог урбанистички план на Селемли                        

 Анкетен лист за ЈА и ЈП Селемли  

ГРАДОНАЧАЛНИК

          на општина Богданци

   Блаже Шапов

Соопштение за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот

Врз основа на член 46 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/20)  Градоначалникот на Општина Богданци го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од општина Богданци, дека Градоначалникот на општина Богданци ќе формира Партиципативно тело заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање согласно Законот за урбанизам.  Сите заинтересирани странки кои сакаат да учествуваат во истото, може да достават пријава во архивот на Општина Богданци со читко наведено име презиме, адреса, е-маил,  телефон и занимање во времетраење од 30 дена, а најдоцна до 12.02.2021 година.

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија

Партиципативното тело се состои од членови на комисијата за урбанизам на општината, што ги одредува градоначалникот, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, од лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

Учеството на лицата вработени во единицата на локалната самоуправа во партиципативното тело е по службена должност, а на лицата што не се вработени во единицата на локалната самоуправа учеството е на доброволна основа.

Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија.

 

                                                                  Градоначалник на Општина Богданци

                                                                                Блаже Шапов

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ контролна листа на

План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци,

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

 

 

 

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Богданци аплицираше со проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Богданци (https://bogdanci.gov.mk/) на 25 Септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

 

Министерството за транспорт и врски

Образец за доставување коментари

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_MK_9.9.20_SPA

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_ENG_25.9.20_SPA

 

Известување 3

Општина Богданци Ги известува жителите на село Стојаково дека издадено е Решение за одобрување на барање за изведување на градби за кои не е потребно одобрение за градење за Поставување на кабелска телекомуникациска линија -оптички кабли со кабелска канализација-кабелска канализација на локален пат во КО Стојаково на КП бр 8099, 8067, 8055, 4235, 7365, 8134/1,  и 8065 општина Богданци, бр. УП I 11 – 31 од 11.08.2020 год. чиј инвеститор е ДТ Пет нет ДОО Гевгелија ул Маршал Тито бр 134 Деловен-комплекс/2 локал 51 Гевгелија.

Заинтересираните странки можат да извршат увид во документацијата во рок од 15 дена од денот на издавањето на ова известување.

Известување 2

Општина Богданци Ги известува жителите на село Стојаково дека издадено е Одобрение за градење за изградба на Парк на ветерни електрани Еуроинг општина Богданци, ВЕ-1, ВЕ-2, ВЕ-3, ВЕ-4,  ВЕ-5, ВЕ-6, ВЕ-7,  ВЕ-8, ВЕ-9 и пристапен пат, бр. УП I 11 – 39 од 11.08.2020 год. (м.в. Билото, Големо брдо, Ваизова чешма, Штерпа,  Катар тепе, Осман агов бунар, Трапиште, Побрешка корија, Гобрлик, Калдрма, Ушите, Каменчиња, Лојзова чешма, Студена вода и Кирови брестови, КО Стојаково и Ѓупска чешма, Ушите, Паљурци, Дупки, Таљуги, Бурови ниви, Папрата, Сапламаеви сливи и Говедаров дол, КО Богданци вон град) чиј инвеститор е ДПЕЕ Парк на ветерни електрани Еуроинг ДОО увоз извоз Гевгелија ул Нова локација Блокотехна бр 16 Гевгелија.

Заинтересираните странки можат да извршат увид во документацијата во рок од 15 дена од денот на издавањето на ова известување.

 

Известување 1

Општина Богданци Ги известува жителите на село Селемли дека издадено е Одобрение за градење за изградба на Парк на ветерни електрани Еуроинг општина Богданци, ВЕ-1, ВЕ-2, ВЕ-3, ВЕ-4,  ВЕ-5, ВЕ-6, ВЕ-7,  ВЕ-8, ВЕ-9 и пристапен пат, бр. УП I 11 – 39 од 11.08.2020 год. (м.в. Билото, Големо брдо, Ваизова чешма, Штерпа,  Катар тепе, Осман агов бунар, Трапиште, Побрешка корија, Гобрлик, Калдрма, Ушите, Каменчиња, Лојзова чешма, Студена вода и Кирови брестови, КО Стојаково и Ѓупска чешма, Ушите, Паљурци, Дупки, Таљуги, Бурови ниви, Папрата, Сапламаеви сливи и Говедаров дол, КО Богданци вон град) чиј инвеститор е ДПЕЕ Парк на ветерни електрани Еуроинг ДОО увоз извоз Гевгелија ул Нова локација Блокотехна бр 16 Гевгелија.

Заинтересираните странки можат да извршат увид во документацијата во рок од 15 дена од денот на издавањето на ова известување.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |