Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Project:„Balkan alternative mobility routes for sustainable all-season tourism“ – BalkanVelo

Проект: „Балкански алтернативни маршути за одржлив туризам преку цела сезона“- Балкан Вело

ПОНИШТУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА

Почитувани,

Ве Известуваме дека во врска со огласот за договор: TD02 Реконструкција на зграда во Ѓавото,

Референтен број на огласот за договор (идентификатор на постапка): 10-1152/29

Договорот не се доделува, од причина што сите технички прифатливи понуди ги надминуваат расположливите финансиски ресурси.

Дополнителни информации:

Доколку се започне нова тендерска постапка за овој проект, ќе се објави нов оглас за договор.

Во Прилог може да го најдете писмото за Поништување на постапката со целосни информации!

Одобрен урбанистички проект, локалитет Барта, Прозиводство, дистрибуција и сервиси

Известување

Општина Богданци Ве известува дека одобрен е Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за разработка на ГП 10 од УПВНМ Богданци, локалитет Барта, за намена Г2, Г3, Г4 – Производство, дистрибуција и сервиси – индустриска зона (Одлука бр. 08-1843/3 од 30.11.2016 год.; бр. 08-2018/17 од 29.12.2016 год.; бр. 08-163/2 од 30.01.2017 год.), Општина Богданци, изработен од од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје, тех бр 88/24-У од февруари 2025 год, со Потврда за одобрување на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за разработка на ГП 10 од УПВНМ Богданци, локалитет Барта за намена Г2, Г3, Г4 – Производство, дистрибуција и сервиси – индустриска зона (Одлука бр. 08-1843/3 од 30.11.2016 год.; бр. 08-2018/17 од 29.12.2016 год.; бр. 08- 163/2 од 30.01.2017 год.), Општина Богданци. издадена од општина Богданци, чиј инвеститор е Друштво за информатички инженеринг НЕОКОМ АД увоз-извоз Скопје со адреса на булевар Кузман Јосифовски 15/- од Скопје – Аеродром.

                                                                                              

Известување за одобрена проектна програма за Урбанистички проект со намена Канализациски инфраструктури

Општина Богданци ги известува граѓаните дека одобрена е Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктура со намена Е1.6 – Канализациски инфраструктури (фекална и атмосферска канализација) во Богданци, КО Богданци и КО Богданци вон град – општина Богданци тех бр 127/2024 –  У од ноември 2024 изработена од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш, со Решение бр 11-1616/7од 25.11.2024год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

С О О П Ш Т Е Н И Е

по Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци

Врз основа на член62 став 10од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20 и 113/23),Градоначалникот на Општина Богданциго дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање најавна презентација и јавна анкета

поУрбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци

Граници на опфатот се :КП 3997/1, КП 4001, КП 8095,  КП 5985, КП 8092, КП 5978, КП 5965, КП 5977/2, КП 5966, КП 5880, КП 6147, КП 8119, КП 5858, КП 5854, КП 6176, КП 8091, КП 5673/1 (каде има проширување на проектниот опфат кој претставува заштитен коридор на водоводната мрежа, а проширувањето на делот на катастарска парцела КП 5673/1 е за Резервоарот за населено место Селемли), КП 5673/3, и КП 8119 и др.КО Стојаково

Опфатот е со површина од  28 903.61м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци,  ќе се спроведе со излагање на Проектотво просториите на Општина Богданци и Дом на култура Стојаково.

Јавната анкета ќе трае петнаесет дена од 06.08.2024г. до 21.08.2024г.,секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планќе се одржи на ден 08.08.2024 годинаво09:00 часот во просторијата на Дом на култура Стојаково.

ГРАДОНАЧАЛНИК

      Блаже Шапов

Известување за одобрена проектна програма

Општина Богданци Ве известува дека одобрена е Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д1.3 – Парк-шума, К.О.Богданци вон г.р., Општина, тех бр 03-26-1/23 од февруари 2023 изработена од Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР Благоја ДООЕЛ увоз-извоз Струга, со Решение бр 11-665/3од 19.04.2024год. од Oпштина Богданци, чиј инвеститор е Oпштина Богданциул Маршал Тито бр 62 Богданци.

Соопштение

Ги известуваме граѓаните дека утре – среда (20.03.2024 година) поради изведување на работи на новата водоводна мрежа, улица Страшо Пинџур во Богданци, на потегот од Максим Кафе до гостилница Еври ќе биде затворена за сообраќај. Се надеваме на разбирање.

Известување за одобрена проектна програма

Општина Богданци ги известува граѓаните дека одобрена е Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци тех бр 077/2023 –  У од февруари 2023 изработена од Друштво за градежништво,трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш, со Решение бр 11-91/5од 13.03.2024год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

Известување за одобрен урбанистички проект со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели

Општина Богданци Ве известува дека одобрен е Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1; дел од КП 3240; дел од КП 3241; дел од КП 3242; дел од КП 3242/1; дел од КП 3242/2; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW ) тех. број 03-124/2022 од мај 2022г. изработен од Друштво за производство, трговија, услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, со Потврда за одобрување на  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1; дел од КП 3240; дел од КП 3241; дел од КП 3242; дел од КП 3242/1; дел од КП 3242/2; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW ) бр 11 – 28/12 од 09.11.2023 год. издадена од Општина Богданци, чиј инвеститор е Пешков Санде ул Маршал Тито бр 82 Богданци.

Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за „Реконструкција на дел од улица 26-ти Април“ во Богданци

Министерство за транспорт и врски

Проект за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, ОпштинаБогданциаплицираше со под-проект за „Реконструкција на дел од улица „26-ти Април“ во Богданци,  општина Богданци.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 11.01.2024 година на официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот

Министерството за транспорт и врски

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |