Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана 12-та седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дванаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 27.04.2022 година (среда) со почеток во 13.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог –Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот јануари-март 2022 година;
  2. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 8528);
  3. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 10291);
  4. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 9433);
  5. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 10023);
  6. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 10744);
  7. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 9337);
  8. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 9362);
  9. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 7556/1);
  10. Годишна сметка за 2021 година на ЈП „Комунална чистота“ – Богданци;
  11. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година;
  12. Предлог-Измена годишен план за вработување на Општина Богданци за 2022 година;
  13. Советнички прашања.

 

Закажана десеттата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека десеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 07.04.2022 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог – Одлука за давање позитивно мислење за отварање на дуална паралелка во електрохничка струка;
  2. Предлог-План за запишување на ученици во прва година средно образование во СОУ „Богданци“-Богданци во учебната 2022/2023 година;
  3. Годишна сметка за 2021 година на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци;
  4. Годишна сметка за 2021 година на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково;
  5. Годишна сметка за 2021 година на ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ – Богданци;
  6. Годишна сметка за 2021 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  7. Годишен извештај за работата и спроведените активности за 2021 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  8. Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2022 година;
  9. Извештај за реализација на Локален еколошки акционен план-ЛЕАП на Општина Богданци за 2021 година;
  10. Советнички прашања.

 

 

Закажана деветтата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека деветтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 14.03.2022 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Иницијатива за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
  2. Предлог-Одлука за остварување на меѓуопштинска соработка на Општина Богданци со Општина Дојран;
  3. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
  4. Предлог-Годишен извештај  на Општина Богданци за 2021 година;
  5. Годишна сметка за 2021 година на СОУ „Богданци“ – Богданци;
  6. Годишна сметка за 2021 година на ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ – Богданци;
  7. Предлог-Решение за разрешување  на членови на Органот за внатрешна контрола  на ЈОУ  Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  8. Советнички прашања.

Закажана осмата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека осмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 02.03.2022 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства во Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
  2. Правилник за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  3. Предлог-Одлука за купување и утврдување на купопродажна цена за откуп на градежно изградено земјиште од физички лица;
  4. Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедените средства за реализација;
  5. Извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2021 година;
  6. Извештај по Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
  7. Извештај по Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2021 година;
  8. Извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година;
  9. Извештај по Програмата за урбана опрема во Општина Богданци во 2021 година;
  10. Извештај  за реализација на Програмата за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2021 година;
  11. Извештај по Програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
  12. Извештај по Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2021 година;
  13. Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи за 2021 година;
  14. Извештај по Програмата за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
  15. Извештај по Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2021 година;
  16. Извештај по Програмата за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2021 година;
  17. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.10019/2);
  18. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.8821);
  19. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 8680);
  20. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9762);
  21. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 10974);
  22. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 10947);
  23. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 11027/1);
  24. Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
  25. Извештај за работата и резултатите на изборните органи на територијата на Општина Богданци кои ги спроведоа локалните избори  кои се одржаа на 17.10.2021 година и извештај за префрлените средства од општина Богданци на ОИК Богданци за исплата на надоместоци на членови на ИО и ОИК;
  26. Разгледување на  Вкупен финансиски извештај за  локални избори 2021 година на Политичка партија ЛЕВИЦА;
  27. Разгледување на  Вкупен финансиски извештај за  локални избори 2021 година на ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата „Обнова на Македонија“;
  28. Разгледување на  Вкупен финансиски извештај за  локални избори 2021 година на Коалицијата  „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ;
  29. Разгледување на  Вкупен финансиски извештај за  локални избори 2021 година на Група избирачи Борис Ванчев;
  30. Советнички прашања.

Закажана седмата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме седмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 04.02.2022 година (петок) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот октомври-декември 2021 година;
  2. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2021-30.06.2021 година;
  3. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2021-30.09.2021 година;
  4. Годишна Програма за работа на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2022 година;
  5. Разгледување на одлука за утврдување на тарифа за снабдување  со вода за пиење и одведување на отпадни води;
  6. Предлог-Одлука за утврдување на бодот за пресметување на плати на јавните службеници, даватели на јавни услуги, помошно технички персонал како и директор во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за 2022 година;
  7. Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2021 година;
  8. Извештај по Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2021 година;
  9. Извештај по Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2021 година;
  10. Предлог-Решение за поништување на Решението за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Гевгелија“-Гевгелија како претставник на општината;
  11. Советнички прашања.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |