Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана педесет и четвртата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека педесет и четвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 29.12.2020 година (вторник) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
  2. Предлог-Одлука за привремено мирување на обврските од член 3 од Договорот за утврдување и плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште УПI број 11-39 од 10.08.2020 година и член 3 од Анекс 1 на договор УПI број 11-39 од 09.10.2020 година;
  3. Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2021 година;
  4. Предлог –Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2021 година;
  5. Предлог – Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2021 година;
  6. Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2021 година;
  7. Предлог-Програма за управување со отпад во Општина Богданци за 2021 година;
  8. Предлог -Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година;
  9. Предлог –Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2021 година;
  10. Предлог -Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година;
  11. Предлог-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2021 година;
  12. Предлог – Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
  13. Предлог -Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2021 година;
  14. Предлог -Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2021 година;
  15. Предлог –Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2021 година;
  16. Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2021 година;
  17. Предлог –Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2021 година;
  18. Предлог –Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година;
  19. Предлог – Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2021 година;
  20. Предлог-Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2021 година;
  21. Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
  22. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2021 година;
  23. Предлог-Буџет на општина Богданци за 2021 година;
  24. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
  25. Предлог-Буџетски календар за 2021 година;
  26. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2021 година;
  27. Советнички прашања.                                                                        

Закажана педесет и третата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека педесет и третата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 16.12.2020 година (среда) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

 ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Измена и дополнување на Буџетот на Општина Богданци за 2020 година (проширување);
  2. Нацрт-Буџет на Општина Богданци за 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Богданци;
  4. Предлог-Одлука за ангажирање на едно лице неговател во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци;
  5. Предлог-Одлука за категоризација на училишни спортски сали во основни и средни училишта во Општина Богданци;
  6. Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2021 година;
  7. Разгледување на Барање од Здружение за развој, едукација и еколошка етика-„Полимат 13“ за спроведување на проектот „Архус столче“.
  8. Советнички прашања.

Закажана педесет и втората седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека педесет и втората седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 13.11.2020 година (петок) со почеток во 11.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември  2020 година;
  2. Предлог-Одлука за одобрување на План на програми за развој на општина Богданци за 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за повлекување од учество на проект;
  4. Кратка Информација за учество на Општина Богданци во проект „Ритам на Европа“;
  5. Предлог-Одлука за обезбедување на финансиска помош за потребите на Ковид Центарот во Гевгелија;
  6. Предлог-Одлука за продажба на недвижни ствари во сопственост на Општина Богданци;
  7. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци;
  8. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.7418 и КП бр. 7419);
  9. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр.7481);
  10. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.7948, КП бр.7947 и КП бр. 7946);
  11. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.7812/1 и КП бр. 7811/1);
  12. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.7344/1);
  13. Предлог-Одлука за урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.10107);
  14. Предлог-Одлука за урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.9789/1);
  15. Советнички прашања.

 

Закажана педесет и првата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека педесет и првата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 07.10.2020 година (среда) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Богданци за 2020 година.
  2. Предлог-Одлука за привремено мирување на обврските од член 3 од Договорот за утврдување и плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште УПI број 11-39 од 10.08.2020 година;
  3. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2020-31.03.2020 година;
  4. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2020-30.06.2020 година;
  5. Разгледување на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  6. Советнички прашања.

Закажана 45-та седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека четириесет и петтата седница на Совет на општина Богданци е закажана за ден 25.08.2020 година (вторник) со почеток во 08.30 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Богданци за периодот 2021-2023 година;
  2. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот план за енергетска ефикасност на Општина Богданци за 2021 година;
  3. Годишен извештај на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2019/20 година;
  4. Годишна програма на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2020/2021 година;
  5. Годишен извештај на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за учебната 2019/20 година;
  6. Годишна програма на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за учебната 2020/21 година;
  7. Предлог-Годишен план за вработување на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за 2021 година;
  8. Предлог-Годишен план за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2021 година;
  9. Годишен извештај за работата и спроведените активности за 2019 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  10. Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2020 година;
  11. Годишна сметка на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2019 година;
  12. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10291);
  13. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10585);
  14. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9732);
  15. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10394);
  16. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10163);
  17. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 11227/1);
  18. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9259);
  19. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 1507);
  20. Советнички прашања.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |