Закажана 42-та седница на Советот на општина Богданци
Ве известуваме дека четириесет и втората седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 12.06.2020 година (петок) со почеток во 14.00 часот во .Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Иницијатива за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
- Предлог-Одлука за остварување на меѓуопштинска соработка на Општина Богданци со Општина Гевгелија;
- Предлог-Одлука за утврдување на режим на сообраќај во Богданци;
- Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на основно средство (Главен потисен цевковод);
- Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на основно средство (Резервоар);
- Советнички прашања.