Закажана деветтата седница на Советот на Општина Богданци
Ве известуваме дека деветтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 14.03.2022 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Иницијатива за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
- Предлог-Одлука за остварување на меѓуопштинска соработка на Општина Богданци со Општина Дојран;
- Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2021 година;
- Предлог-Годишен извештај на Општина Богданци за 2021 година;
- Годишна сметка за 2021 година на СОУ „Богданци“ – Богданци;
- Годишна сметка за 2021 година на ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ – Богданци;
- Предлог-Решение за разрешување на членови на Органот за внатрешна контрола на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
- Советнички прашања.