Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана шеесеттата седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека шеесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 16.12.2024 година (понеделник) со почеток во 13.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување на Финансов извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година;
  2. Разгледување на Одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  3. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2025 година;
  4. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2025 година;
  5. Нацрт– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2025 година;
  6. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2025 година;
  7. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2025 година;
  8. Предлог-Одлука за измена на одлуката за висината на надоместокот за одржување на јавната чистота;
  9. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2025 година;
  10. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2025 година;
  11. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2025 година;
  12. Нацрт–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2025 година;
  13. Нацрт- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2025 година;
  14. Нацрт–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2025 година;
  15. Нацрт–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2025 година;
  16. Нацрт- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2025 година;
  17. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2025 година;
  18. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2025 година;
  19. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2025 година;
  20. Нацрт-Програма од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Богданци за 2025 година;
  21. Нацрт-Буџет на општина Богданци за 2025 година;
  22. Советнички прашања.

 

Закажана педесетидеветтата седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека педесетидеветтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 14.11.2024 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

 

  1. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) во 2024 година;
  2. Предлог-Програма за изменување на програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2024 година;
  3. Предлог-Програма за измена на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2024 година;
  4. Предлог-Програма за изменување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2024 година;
  5. Предлог-Програма за измена на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година;
  6. Предлог-Програма за измена на Програмата за финансирање на културни активности во Општина Богданци за 2024 година;
  7. Предлог-Програма за измена на Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2024 година;
  8. Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Богданци за 2024 година;
  9. Предлог-Одлука за одобрување План на програми за развој на Општина Богданци за 2025 година;
  10. Советнички прашања.

 

Закажана педесетиосмата седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека педесетиосмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 31.10.2024 година (четврток) со почеток во 13.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот од јули-септември 2024 година;
  2. Предлог-Годишен план за вработување во Општина Богданци за 2025 година;
  3. Предлог-Одлука за давање на мислење на Програмата за екскурзии во ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2024/25 година;
  4. Предлог-Решение за именување на членови во Општински совет за превенција на детско престапништво;
  5. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во управниот одбор на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  6. 6. Предлог-Одлука за донесување на Стратегија за развој на туризмот во Општина Богданци, 2024-2028;
  7. Советнички прашања.

 

Закажана 54-та седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека педесетичетвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 29.07.2024 година (понеделник) со почеток во 09.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Годишен план за вработување на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за 2025 година;
  2. Предлог-Одлука за подготовка на предлог-проект и учество во Програмата Interreg VI-А ИПА Бугарија-Северна Македонија;
  3. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот од 01.01.2024-30.06.2024 година;
  4. Предлог-Програма за измена на Годишната Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Богданци за 2024 година;
  5. Советнички прашања.

Закажана 51-та седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека педесетипрвата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 29.05.2024 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај на Буџетот на Општина Богданци  за периодот јануари-март 2024 година;
  2. Предлог-Одлука за подготовка на предлог-проект и учество во Програмата Interreg VI-А ИПА Бугарија-Северна Македонија;
  3. Информација за учеството на Општина Богданци на Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg VI-А ИПА Бугарија-Северна Македонија ref. No 2021TC16IPCB006;
  4. Годишен извештај за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година;
  5. Советнички прашања.

 

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |