Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана триесетидеветтата седница на Совет на општина Богданци

Ве известуваме дека триесетидеветтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 24.10.2023 година (вторник) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот  јули-септември 2023 година;
  2. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2023 година;
  3. Предлог-Програма за измена на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
  4. Предлог-Програма за измена на годишната програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2023 година;
  5. Предлог-Програма за изменување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2023 година;
  6. Предлог-Програма за измена на програмата за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2023 година;
  7. Предлог-Програма за измена на Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2023 година;
  8. Предлог-Програма за измена на Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2023 година;
  9. Предлог -Одлука за измена на одлуката за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2023 година;
  10. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Богданци за 2023 година (ребаланс);
  11. Советнички прашања.

 

Закажана триесетиседмата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека триесетиседмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Измени на Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2023 година;
  2. Предлог-Одлука за измена на одлуката за висината на надоместокот за оддржување на јавна чистота;
  3. Годишен извештај на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2022/23 година;
  4. Годишна програма на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2023/2024 година;
  5. Предлог-Годишен план за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2024 година;
  6. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Богданци;
  7. Советнички прашања

Закажана 34-та седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека триесетичетвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 27.07.2023 година (четврток) со почеток во 10.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

 ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2023 година;
  2. Предлог-План за вработување на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2024 година;
  3. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во ООУ „Петар мусев“-Богданци за учебната 2023/24 година;
  4. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување  на бесправниот објект во истата (КП бр. 8604/1 од КП бр. 8607);
  5. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување  на бесправниот објект во истата (КП бр. 8604/2);
  6. Разгледување на Одлука за измена на одлуката за ценовник за собирање и изнесување на смет;
  7. Предлог-Решение за разрешување и именување  на член на Управен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  8. Предлог-Решение за разрешување на членови на Надзорен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  9. Предлог-Решение за разрешување и именување  на членови на Управен одбор на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  10. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Надзорен одбор на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  11. Предлог-Решение за разрешување и именување  на член на Училишен одбор на СОУ „Богданци“-Богданци.
  12. Советнички прашања.

Закажана 28-та седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дваесетиосмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 23.03.2023 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар (просторија) во сопственост на Општина Богданци;
  2. Предлог-Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар во сопственост на Општина Богданци;
  3. Годишна сметка за 2022 година на СОУ „Богданци“ – Богданци;
  4. Годишна сметка за 2022 година на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци;
  5. Годишна сметка за 2022 година на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково;
  6. Годишна сметка за 2022 година на ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ – Богданци;
  7. Годишна сметка за 2022 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  8. Годишна сметка за 2022 година на ЈП „Комунална чистота“ – Богданци;
  9. Советнички прашања.

 

Закажана 27 та седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дваесетиседмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 15.03.2023 година (среда) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

 

  1. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
  2. Предлог–Програма за измена и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2023 година;
  3. Извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  4. Извештај по Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  5. Извештај по Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2022 година;
  6. Извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2022 година;
  7. Извештај по Програмата за урбана опрема во Општина Богданци во 2022 година;
  8. Извештај по Програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  9. Извештај по Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година;
  10. Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи за 2022 година;
  11. Извештај по Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2022 година;
  12. Извештај по Програмата за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  13. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
  14. Предлог-Годишен извештај на Општина Богданци за 2022 година;
  15. Предлог-Програма за измена на Програмата за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2023 година;
  16. Советнички прашања.

 

 

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |