Закажана деветнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци
Почитувани,
Ве известуваме дека деветнаесетта седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 30.10.2018 година (Вторник) со почеток во 14.00 часот во салата на Советот на Општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2018 година;
- Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Богданци за 2018 година;
- Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2018-30.06.2018 година;
- Разгледување на Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2017/2018 година;
- Разгледување на Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2018/2019 година;
- Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10758);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 8838);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 9485);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 7443, КП бр. 7445 и КП бр. 7437);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 3125 и КП бр. 3124);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 3138 и КП бр. 8059);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 3133);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 4283);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 9551);
- Советнички прашања.