Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

С О О П Ш Т Е Н И Е за одржување на jавен увид и јавна расправа по Одлуказа спроведување на стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Генерален урбанистички план за град Богданци – плански период 2020-2030

Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/2012; 93/2013; 187/2013; 42/2014; 44/2015; 129/2015; 192/2015; 39/2016 и 99/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/2022 и 171/2022) и член 3 од Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на РМ“ бр.147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Богданци го издава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за одржување на jавен увид и јавна расправа по Одлуказа спроведување на стратегиска оцена на влијанието на животната средина за

Генерален урбанистички план за град Богданци – плански период 2020-2030

 

Нацрт – извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната срединаза Генерален урбанистички план за град Богданци – плански период 2020-2030ќе биде изложен во просториите на салата на Советот на Општина Богданци и на вебстраната на Општина Богданци www.bogdanci.gov.mk.

Јавниот увид ќе трае 30 дена, од 15.02.2023 година до 18.03.2023 година од 08:00-16:00 часот.

Јавната расправа ќе се организира во салата на Советот на Општина Богданци лоциран на  ул. “Маршал Тито” бр.62, Богданци на ден 06.03.2023 година (понеделник) со почеток во 12:00часот.

Заинтересираните граѓани и правни лица своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт – извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната срединазаГенерален урбанистички план за град Богданци – плански период 2020-2030можат да ги достават писмено во архива на Општина Богданци,по пошта ул.„Маршал Тито“ бр. 62 или електронски на e-mail: opstina_bogdanci@t-home.mk и opstina_bogdanci@yahoo.com .

Одлука за спроведување на СО

Решение за спроведување на СО

SEA Evolving_GUP Bogdanci (2020-2030)_nacrt

 

Закажана дваесетичетвртата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дваесетичетвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 31.01.2023 година (вторник) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот октомври-декември 2022 година;
  2. Годишен извештај за работата и спроведените активности за 2022 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  3. Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2023 година;
  4. Програма за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности на учениците при ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково во учебната 2022/23 година.
  5. Советнички прашања.

 

Закажана дваесетивтората седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дваесетивтората седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 28.12.2022 година (среда) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 7397);
  2. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 3648, 3649 и 3650);
  3. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9227/2);
  4. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9227/3);
  5. Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2023 година;
  6. Предлог -Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2023 година;
  7. Предлог– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
  8. Предлог-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2023 година;
  9. Предлог-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2023 година;
  10. Предлог –Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2023 година;
  11. Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
  12. Предлог-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година;
  13. Предлог–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2023 година;
  14. Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
  15. Предлог–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2023 година;
  16. Предлог–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2023 година;
  17. Предлог- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2023 година;
  18. Предлог-Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2023 година;
  19. Предлог-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2023 година;
  20. Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2023 година;
  21. Предлог–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2023 година;
  22. Предлог-Програма од областа на родовата рамноправност во Општина Богданци за 2023 година;
  23. Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
  24. Предлог -Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2023 година;
  25. Предлог -Буџет на општина Богданци за 2023 година;
  26. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2023 година;
  27. Предлог-Буџетски календар за 2023 година;
  28. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2023 година.
  29. Предлог-Програма за работа на Сoветот на Општина Богданци за 2023 година.

 

Закажана дваесетипрвата седница на советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дваесетипрвата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 14.12.2022 година (среда) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за донесување на интегриран план за локален развој на Општина Богданци за 2023-2027;
  2. Предлог-Одлука за донесување на социјален план на Општина Богданци за 2023-2027;
  3. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2023 година;
  4. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2023 година;
  5. Нацрт– Програма за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
  6. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2023 година;
  7. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2023 година;
  8. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2023 година;
  9. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
  10. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година;
  11. Нацрт–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2023 година;
  12. Нацрт- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
  13. Нацрт–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2023 година;
  14. Нацрт–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2023 година;
  15. Нацрт- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2023 година;
  16. Нацрт-Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2023 година;
  17. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2023 година;
  18. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2023 година;
  19. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2023 година;
  20. Нацрт-Програма од областа на родовата рамноправност во Општина Богданци за 2023 година;
  21. Предлог-Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2023 година;
  22. Нацрт-Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2023 година;
  23. Нацрт-Буџет на општина Богданци за 2023 година;
  24. Предлог-Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци;
  25. Советнички прашања.

Закажана 20-та седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 28.11.2022 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

 

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

 

  1. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 7708/2, 7708/1 и 8130/1);
  2. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 6513);
  3. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 8016 и 8019);
  4. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9422);
  5. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 2851);
  6. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 9102 и 9100/2);
  7. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10274);
  8. Финансов извештај за материјалното и финансиско работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година;
  9. Советнички прашања.

 

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |