Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за „Реконструкција на дел од улица 26-ти Април“ во Богданци

Министерство за транспорт и врски

Проект за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, ОпштинаБогданциаплицираше со под-проект за „Реконструкција на дел од улица „26-ти Април“ во Богданци,  општина Богданци.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 11.01.2024 година на официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот

Министерството за транспорт и врски

СРЕЌЕН БОЖИЌ!

Ми претставува големо задоволство, во овие празнични денови, да Ви посакам весел и благословен Божиќ, добро здравје, лична и семејна среќа и многу успех . Сплотени, со отворени срца и чиста мисла, да го празнуваме Божиќ и низ вера и надеж, да се помолиме за здравје, среќа и спокој. Да успееме во овие времиња, да ја зачуваме Божиќната магија и во текот на цела година, да веруваме, зашто вербата ја прави секоја мисија возможна, да се надеваме зашто надежта го прави секој подвиг достижен и низ труд и работа да постигнуваме успех. Пречекајте ги деновите исполнети со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година. Нека Ви е честит големиот христијански празник БОЖИЌ и за многу години! ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ

Коледарски оган во Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавото

Почитувани,

Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2024 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган.

Во Богданци настанот ќе се оддржи во петок, 05.01.2024 година во Градскиот парк со почеток во 18.30 часот.

Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 Маркети.

Во забавниот дел од програмата учество ќе земат локални музички изведувачи.

Во Ѓавото бадниковиот хепенинг ќе се оддржи во петок, со почеток во 18.00 часот

Во сабота, 06.01.2024 година, истиот настан во организација  на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во Спортска Сала „Стефан Мандалов – Манданата“ со почеток во 18.00 часот, а во организација на Месната Заедница Селемли бадникарски оган ќе се пали и во Селемли со почеток во 18.00 часот.

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08-1859/19 од 28.12.2023 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 16/22), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2024 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици за периодот од месеците јануари-декември 2024 година.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од две компоненти тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата или
  2. покривање на трошоците  за ѓубретарина од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата

Субвенционирањето ќе можат да го користат само за едната компонента.

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

       Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјaлна парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

      Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

      Јавниот оглас ќе се објави на веб страницата на општина Богданци www.bogdanci.gov.mk , а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 18.01.2024 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ ВО БОГДАНЦИ И СТОЈАКОВО

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници денес Градоначалникот ја имаше можноста да присуствува во просториите на детската градинка ,, Коста Поп Ристов Делчев” и заедно со нашите најмлади сограѓани и воспитниот тим  ја испратија старата и посакаа добредојде на Новата 2024 година. Престојот беше искористен да ја погледнеме новогодишната приредба подготвена и во изведба на воспитниот тим и дел од дечињата. На сите дечиња кои престојуваат во градинките во Богданци и Стојаково им беа поделени новогодишни пакетчиња обезбедени со средства од буџетот на општина Богданци. Пакетчиња беа поделени и на децата со попреченост во Богданци, на децата од социјално ранливите семејства и на корисниците во Дневниот Центар Гевгелија.

Известување за одобрен урбанистички проект за изградба на верски објект

Општина Богданци Ве известува дека одобрен е Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за урбанистичко- архитектонска разработка на ГП1 (КП бр. 2797/7), дел од УПВНМ изградба на верски објект со хотелско угостителски комплекс на КП бр. 2810 и дел од КП бр. 2809 и 2812 на м.в. Болован, дел од КП бр. 2797 на м.в. Побрешко и дел од КП бр. 4209 и 4210 на мв Паљурци КО Богданци, општина Богданци, Богданци вон град, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 Томе ДООЕЛ Струмица, тех бр 032-1506/2023 од јули 2023 год, со Потврда за одобрување на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за урбанистичко- архитектонска разработка на ГП1 (КП бр. 2797/7), дел од УПВНМ изградба на верски објект со хотелско угостителски комплекс на КП бр. 2810 и дел од КП бр. 2809 и 2812 на м.в. Болован, дел од КП бр. 2797 на м.в. Побрешко и дел од КП бр. 4209 и 4210 на мв Паљурци КО Богданци, општина Богданци, Богданци вон град бр 11 – 1071/5од 01.11.2023год.издаденаод општина Богданци, чијинвеститореДруштво за транспорт, трговија и услугиДесива Транспорт ДООЕЛ увоз извоз Богданцисо адреса на ул. Маршал Тито бр. 187 од Богданци.

Планирани исклучувања на електрична енергија на 07.12.2023

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ, на 07.12.2023 (четврток) ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат дел од корисниците над Бреботекс, Беровска мала , потрошувачите на улица Маршал Тито од Пошта до Драги ком, како и фирмите Оранжерии Агроградина, Конфекција Бовекс, Печатница Софија, Бреботекс, Здравствена установа Ројал Медика и Основното училиште „Петар Мусев“ од 08.30 до 13.00 часот.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |