Почитувани, за да ја проследите во живо 72-та седница на Совет на Општина Богданци, следете го линкот: https://youtube.com/live/dOmX6JPFFP0?feature=share
Почитувани, за да ја проследите во живо 72-та седница на Совет на Општина Богданци, следете го линкот: https://youtube.com/live/dOmX6JPFFP0?feature=share
Проект „ Балкански алтернативни маршути за одржлив туризам преку цела сезона“ со реф. бр. BGMK0200019
ОБЈАВА
Општина Богданци започнува тендерска постапка за „Реконструкција на зграда во Ѓавото“. Тендерската постапка е во рамките на имплементацијата на проектот „ Балкански алтернативни маршути за одржлив туризам преку цела сезона“ со финансиска помош од Програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027. Тендерската документација е достапна за увид во Општина Богданци, ул. „Маршал Тито“ бр. 62, 1484 Богданци и е објавена на следните веб-страници:
https://ipa-bgmk.mrrb.bg ; https://bogdanci.gov.mk/
Крајниот рок за поднесување на понудите е 11.07.2025, 16:00 (локално време).
Евентуалните дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе бидат објавени на следните веб-страници:
https://ipa-bgmk.mrrb.bg ; https://bogdanci.gov.mk/
Тендерската документација е достапна ТУКА
Договорниот орган е надлежен орган за давање појаснувања во врска со тендерската постапка.
Ги известуваме жителите на с.Селемли дека од наредната недела почнувајќи од 09.12.2024год. ќе имаат прекин во водоснабдувањето, бидејќи ќе се одвиваат градежни активности за реконстукција на резервоарот за вода. Прекинот ќе биде се до завршување на активностите, односно до крајот на неделата 13.12.2024год., доколку дозволат временските услови. Се замолуваат граѓаните да наидат на разбирање.
Општина Богданци се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.
Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:
Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.
Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.
Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.
Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.
Вклучете се во креирање на транспарентна општина.
Дознајте повеќе за:
Општина на дланка (мк)
Со големо задоволство ги известуваме граѓаните дека почнувајќи од денес, 24.06.2024 година, ќе започне реконструкцијата со проширување на регионалниот пат Р1109. На делницата „Понов мост“ до влезот на Богданци ќе има времен режим за одвивање на сообраќајот. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Жикол“ ДООЕЛ Струмица. На делницата се поставува соодветна сообраќајна сигнализација и се молат возачите да ја почитуваат истата.
Почитувани,
Ве известуваме дека 50-тата седница можете да ја проследите во живо, на следниот линк: 50-та седница
До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.
Општина Богданци како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина!“ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да биде информиран дека со навремено подмируваме на данокот на имот, се полни директно општинскиот буџет, преку кој се овозможува реализирање на планираните јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за подобрување на условите за живеење и развојот на општината.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.
За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.facebook.com/SRMANorthMacedonia/videos/818379803237834 и информирајте се повеќе од летокот објавен на линкот
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денес, 12.06.2023 ја посетија Општина Богданци.
Цел на посетата беше да се изврши увид на почетокот на проектот за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци.
Премиерот Ковачевски на своето обраќање истакна: „Денеска овде заедно со вас, го означуваме отпочнувањето на реконструкцијата на системот за водоснабдување во Општина Богданци, исклучително важен проект за оваа општина со што ќе се обезбедат здрава вода за пиење, намалување на финансиските загуби и воведување на високи стандарди за управување со водите во Богданци. Ова е еден од најголемите инфраструктурни проекти за водоснабдување што е целосно финансиран со домашни, буџетски средства, а во неговата имплементација вклучуваме модерни технологии. Дополнителна вредност на проектот е што парите повторно ќе се вратат назад бидејќи ќе работат домашни компании, со тоа што и материјалите кои се вградени се од компании, едни од најреномираните европски производители на цевки тука од овој крај, како и градежни компании кои работат на проектот.
Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова изјави дека изградбата на оваа инфраструктура во Богданци носи повеќекратни бенефити.
„Со проекти како што е овој во Богданци, градиме инфраструктура која е директно поврзана со обезбедување на квалитетен живот за граѓаните. Бенефитите се повеќекратни: модерен систем за водоснабдување, чиста вода за над 5.000 жители за овој регион, замена на старите азбестни цевки, спречување на загуба на вода во системот, што значи заштеда на финансии и за домаќинствата и за општината, и најпосле и вклучување на домашни компании со што се развива домашната економија и се отвораат нови работни места“, истакна министерката Шукова.
Градоначалникот на Oпштина Богданци, Блаже Шапов го окарактеризира овој проект како капитален и корисен за жителите на Богданци.
„Здравствените ризици, недостигот од вода во одредени зони во градот, честите дефекти и загуби на вода, непостоење на подземен катастар се причините заради кои се одлучивме на реконструкција на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во Богданци. Ваквите капитални проекти освен што ги задоволуваат потребите на граѓаните создаваат услови за раст на локалната економија“, изјави Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов на денешното означување на почетокот на реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци.
Изведбата на овој проект чини над 4 милиони евра, со рок на изведба 40 месеци. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди квалитетна и чиста вода за пиење за домаќинствата во Богданци и околината.
Реконструкцијата на водоводната мрежа е обемна активност која има за резултат раскопани улици, оневозможен пристап до домовите и објектите, исклучување на вода – насекаде во Богданци, па од овие причини, Градоначалникот на овој настан упати голема БЛАГОДАРНОСТ заради искажаното огромно трпение и толеранција од страна на граѓаните.
Традиционалната манифестација за подготовка и презентација на слаткото од диви смокви и годинава по 12-ти пат се оддржа во Богданци, на 14-ти Мај, недела со почеток во 12.00 часот во Градскиот Парк.
Организаторот на настанот „Slow Food Еко Росалес“ од Богданци преку организирањето на Фестивалот на дивите смокви има за цел да ги промовира плодовите од југот на земјата со цел заштита на биодиверзитетот, но и заштита на традиционалните домашни вредности од ова поднебје.
Слаткото од диви смокви го подготвуваа екипи од Богданци, Гевгелија, Валандово и Дојран кој процес траеше повеќе часови, па затоа фестивалскиот настан беше збогатен и со пригодна програма на која настапија локални изведувачи и тоа: Пеачка група при Здружението на пензионери од Богданци, КУД „Бранд Петрушев“, Слободанка Арнаудова, „Фониа“, Марија Ичкова, Ице Горичев, Валери Заров, Здравко, Ристо-Тарабан и Милош и ФА „Мегдан“.
Настанот беше посетен и од страна на Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова а имаше и гости од Битола, Струга, Велес, Берово, Скопје, Прилеп, Крива Паланка, Пробиштип и Италија кои промовираа нивни домашни традиционални производи.
Фестивалот е поддржан од Општина Богданци и бројни локални фирми и приватни стопанственици.
Советот на Општина Богданци на седницата оддржана на 10.05.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Богданци за ден 12 мај 2023 година (петок наспроти сабота).
Согласно донесената одлука, Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во Општина Богданци на 12 мај 2023 година (петок наспроти сабота) ќе биде продолжено за еден час.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |