Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Честит Божиќ, Христос се роди

Почитувани сограѓани,

Во името на Советот на Општина Богданци и во свое лично име, Ви го честитам најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање.

Во  добро здравје со чиста мисла и  ведар дух започнете го празнувањето  со кое се величат духовните и морални вредности  кои ги поврзуваат луѓето, а нашите срца се отвораат за добри дела. Минете ги овие денови  онака како што налага традицијата,  мирно и радосно  во кругот на семејството.

Христос се роди, Навистина се роди!!!

Нека е за многу години големиот празник!

Исправка на соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданци ја дава следното:

И С П Р А В К А  Н А  С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW )

            Се врши исправка на Соопштението бр 11-28/2 од 03.01.2023г. објавено од Општина Богданци во ставот 6 кој се менува и гласи:

„Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планќе се одржи на ден 20.01.2023 година во 09:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.“

ГРАДОНАЧАЛНИК

      Блаже Шапов

Бадникарски оган во Богданци и Стојаково

Почитувани,

Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2023 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган.

Во Богданци настанот ќе се оддржи во четврток, 05.01.2023 година во Градскиот парк со почеток во 19.00 часот.

Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 Маркети.

Во Богданци ќе земат учество локални музички изведувачи: Ристо Димитров (Тарабан) Здравко и Милош, Наталија Данаилова, Марија Ичкова, Влатко Илјачев, Слободанка Арнаудова, Бојана Дупјачанец, Јулија Јанушева балетско студио Sweet Dance и фолклорен ансамбл Мегдан.

Во петок, 06.01.2023 година, истиот настан во организација  на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во ООУ „Кирил и Методиј“ со почеток во 18.30 часот.

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданциго дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240; дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град, Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW ).

Граници на опфатот се :дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град.

Опфатот е со површина од 16469,18м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град, Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаичниелектрани со инсталирана моќност до 1MW ),  ќе се спроведе со излагање на Проектот во просториите на Општина Богданци.

Јавната анкета ќе трае петнаесет дена од19.01.2023г. до03.02.2023г.,секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ќе се одржи на ден 19.01.2023 година во 09:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.   

   

Бадникова трпеза во пресрет на Божик

Под мотото „Нашата хуманост – дел од нечија среќа“  Општина Богданци, СОУ„Богданци“, Општинско Здружение на пензионери и бизнис заедницата, заеднички организираат Бадникова трпеза  по повод  верските празници  Бадник и Божик.

                Христовото раѓање само по себе е Молитва, дарување, милост, емпатија, желба за мир и соживот. За тоа ги покануваме сите социјално ранливи категории на граѓани да повелат на посен ручек на ден 04.01.2023 год ( среда) во просториите на црквата Св. Атанасиј Велики  од 12.00 до 16.00 часот.

             Граѓаните кои нема да бидат во можност да присуствуваат, од страна на организаторите ќе им бидат доставени подготвени посни оброци во нивните домови.

Новогодишни пакетчиња од Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион

Дечињата од Детската Градинка не беа заборавени ниту од Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион кој пресрет на празниците кои ни претстојат им донираше новодишни пакетчиња. Насмевките на лицата на овие деца со пакетчињата се наша причина плус за уште посреќна и повесела Нова Година.

Упатуваме голема благодарност до Центарот за досегашната поддршка и соработка и посакуваме Среќни и весели Празници!!!

Новогодишни подароци за среќни празници на дечињата од Детската Градинка

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Кам Маркет донираше новогодишни пакетчиња кои беа поделени во Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ и на дечиња од семејства во социјален ризик.

Општина Богданци упатува голема благодарност за донацијата. Дечињата беа пресреќни и со задоволство ги примија новогодишните пакетчиња. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи. Им посакуваме среќни Новогодишни и Божиќни празници!!!

Новогодишни пакетчиња за децата од Детските градинки

Над двеста дечиња од Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ во Богданци и Стојаково, денес добија новогодишни пакетчиња од општина Богданци.

 Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители во општината е задоволство кое ни ги исполни срцата ова утро. Посакуваме секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, здравје и добра мисла, со просперитет и исполнети соништа и желби.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |