Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Список на потреби за донација на настраданите во земјотресот во Р.Турција

Во прилог последно добиените податоци од Црвен Крст на Република Северна Македонија, во врска со составот на пакетите за храна и пакетите за средства за хигиена кои граѓаните може да ги донираат за настраданите во земјотресот во Република Турција, почнувајќи од денес, 13.02.2023 заклучно со 17.02.2023 година од 8:00 до 16:00 часот во просториите на општина Богданци (Канцеларија на Министерството за труд и социјална политика).

Известување за донирање на материјални добра за настраданите во земјотресот

Се известуваат граѓаните на општина Богданци кои сакаат да донираат материјални добра за настраданите во земјотресот во Р.Турција и Сирија, дека можат да го сторат тоа од понеделник (13.02.) до петок (17.02.) во периодот од 08.00 до 16.00 часот во просториите на општина Богданци.

     Во согласност со добиените насоки, Ве известуваме дека користени работи не се прифатливи како донација.

     Во прилог листата на потребните материјали што ја достави Амбасадорот на Р. Турција во нашата земја.

    


Известување за донирање на финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Се известуваат граѓаните на општина Богданци кои сакаат да донираат финансиски средства за населението во погодените подрачја од земјотресот во Турција и Сирија тоа да го сторат преку СМС пораки или пак на следните сметки:

– Донација од 100 денари со повик на телефонскиот број 143-400 на Македонски телеком и на А1.

-Сметка на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ, 300000001327966; Даночен број:4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

– Средства донирани во странска валута:

Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia;

Bank name: Komercijalnabanka AD Skopje;

Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, Macedonia;

Bank account: 300000000000133 25730522-11;

Swift code: kobsmk2x;

Iban code: mk07300701000001228.

Унапредување на средното стручно образование „Учи паметно работи стручно“

На ден  09.02.2023 година, во Домот на култура „Бранд Петрушев“- Богданци, општината заедно со СОУ „Богданци“ –Богданци одржаа настан, „Учи паметно работи стручно“ поддржан од Министерството за образование и наука.

На овој настан беа поканети и присуствуваа претставници од локалните компании, пратеничката Драгица Ѓавочанова, родители, наставници и директори на воспитно-образовни институции од општината, како и други заинтересирани граѓани.

Целта на оваа панел дискусија беше утврдување на потребите на стопанството и локалниот пазар на труд, недостигот на квалификуван стручен кадар во компаниите и можноста да се одговори на ваквите потреби.

Во изминатите години како општина ги следиме потребите и интересите како на учениците, така и на компаниите со воведување на нови струки и образовни профили.

Известување за одобрена Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за пешачка и велосипедска патека

Се  известуваат граѓаните на  Општина Богданци дека одобрена е Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за пешачка и велосипедска патека Богданци- Чести Јавори- Паљурци II – фазатех.бр.УП-01/21 од 2021 година изработена од Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги ХИДРО ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, со Решение бр11-103/3 од 31.01.2023год. од Општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

Известување за планиран прекин на напојување со електрична енергија 03.02.2023

Согласно добиените податоци од Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 03.02.2023 од 08:50 до 13:30 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на Богданци , Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти Оранжерии Воденичар , Бреботекс , Млекара, Бовекс и други) , заради интервенција на водот.

Јавна покана за поднесување на даночна пријава за недвижен имот

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека согласно Законот за данок на имот ( Сл. Весник  на РМ бр. 61/04, 92/07, 102/08 ,35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16 и Сл.весник на РСМ бр 151/21)  член 4, 7, 9, и член 29:

– Даночните обврзници се должни најдоцна до 31 јануари да поднесат даночна пријава за недвижен имот кој го поседуваат, а кој не е пријавен за оданочување.

– Даночните обврзници треба најдоцна во рок од 15 дена од стекнувањето со право на сопственост на недвижен имот или со право на користење на истиот, да го пријават имотот за оданочување кај општинската администрација.

– Обврзникот на данокот на имот од ставот (1) на овој член кој поднел даночна пријава нема обврска за истиот имот да поднесе нова пријава, доколку нема промени на податоците содржани во претходно поднесената даночна пријава, а кои се од влијание за висината на даночната обврска. Со цел да се олесни постапката за пријавување на данокот на имот, која е обврска на граѓаните и на правните лица како даночни обврзници, како и пријавување на настанатите промени на податоците во врска со имотот подлежен на даночење и податоците на даночните обврзници, Ве покануваме да пријавите во просториите на Општина Богданци.

За физички лица-граѓани потребни документи се фотокопија од имотен лист кој е изваден по завршување на постапката за легализација или купопродажба на недвижниот имот и  лична карта на увид.

За правните лица потребни документи се фотокопии од имотен лист и  тековна состојба од Централен регистар.

За подетални информации можете да се обратите на нашиот телефонски број 034/222-335  во текот на работното време (од понеделник до петок) или во просториите на Општина Богданци.

Даночна пријава

Известување за одобрена проектна програма

Општина Богданци Ве известува дека одобрена е Проектна програма Проектна задача, Изработка на техничка документација за реконструкција на водоводна мрежа во населено место Богданци Општина Богданци број: 11-345/6 од 22.04.2021год. изработена од Општина Богданци, а во врска изработување на Урбанистички проект за инфраструктура за реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци, Општина Богданци изработена од Општина Богданци, со Решение бр11-36/2 од 12.01.2023год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |